Легендарниот грчки кошаркар Јоргос Принтезис ја заврши богатата кошаркарска кариера.
Со Олимпијакос стана првак на Грција по победата над Панатинаикос во финалето на плеј-офот (3-0) и како шампион отиде во пензија.
-Од следната сезона заедно ќе го гледаме Олимпијакос од трибините. Во благодарам на сите момент кои зедно ги поминавме овде во последните 20 години. Продолжете да ја поддржувате екипата како што знаете . Ви благодарам на спомените, им порача Принтезис на навивачите.
Тој во два периоди играше за Олимпијакос, од 2001 до 2009. потоа две години помина во Уникаха, па во вториот мандат играше за тимот од Пиреја од 2011 па до сега.
Принтезис со Олимпијакос освои се што можеше да се освои. Два пати беше првак на Европа, во 2012 и 2013 година, четири пати беше шампион на Грција 2012, 2015, 2016 и 2022.