Возачот на Ферари, Шарл Леклер, доби казна на Гран прито на Канада. Болидот на возачот од Монако беше опремен со третата контролна електроника во сезоната. Според прописите дозволени се само два блока.

Етапата од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Канада се одржува викендов во Монтреал.

На првото тренинг-возење Леклер оствари петто време, додека ноќеска по вториот тренинг се најде на втората позиција, веднаш зад лидерот Макс Верстапен од Ред Бул.

Главната трка ќе се вози утревечер со почеток во 20 часот по македонско време.