Лесен пристап до лекови за граѓаните
Од крајот на ноември, два лека против згрутчување на крвта ќе можат да се набавуваат директно на рецепт во аптека, без потреба за дополнителни рефундации. Ова денеска го соопшти генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Претходно достапни само во болница
Станува збор за антикоагулансите Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа дел од болничката позитивна листа. За домашно лекување, граѓаните мораа да поднесуваат барања за рефундација, што создаваше дополнителни процедури и чекање.
Поголема удобност за пациентите и Фондот
– Граѓаните веќе нема да мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие лекови. Со овој потег се олеснува пристапот до терапијата, а ние ќе имаме помал протисок за работа и ќе можеме да се фокусираме на други прашања – изјави Клековски.
