Меѓународна конференција во Подгорица ќе додели престижни признанија
На 27 март 2026 година, во рамки на PRO PR Меѓународната конференција во хотелот „Хилтон“ во Подгорица, ќе се одржи церемонија за доделување на престижните награди PRO PR Globe People Achievement Awards. Овие награди ја препознаваат извонредноста на професионалци од областа на комуникациите и односите со јавност. Номинирање на добитниците вршат поранешни лауреати и пет светски комуникациски здруженија, вклучувајќи PRCA, IPRA, WCFA и Global Alliance.
Од оваа година, конференцијата добива и меѓународно признание CIPR CPD Approval за квалитетот на програмата и континуиран професионален развој. На сите добитници ќе им бидат врачени уникатни графики, изработени од студенти на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње.
Добитничка од Македонија
Добитничка на наградата од Македонија е Ленче Карпузовска, директорка на одделот за комуникации во ЕВН.
Од Босна и Херцеговина награди добиваат Звездана Жујо, сосопственичка и директорка на агенцијата Communis Sarajevo, и Индира Мусиќ, маркетинг менаџерка во ASA Болници.
Од Словенија признанието го добиваат Јернеј Ковач, директор за корпоративни комуникации во Стопанската комора, и Изток Вердник, директор на секторот за корпоративни комуникации во Mercator.
Од Црна Гора меѓу лауреатите се Бранко Латиновиќ, раководител на Одделот за медиуми и односи со јавност во Фудбалскиот сојуз на Црна Гора; Милена Ѓерговиќ, директорка за стратешки партнерства во Kotor Art; Ивана Бобичиќ, извршна директорка на Represent Communications; Лена Бошковиќ, раководителка на корпоративни комуникации во Vezuv Group; и Сенада Мулешковиќ, директорка за односи со јавност во Čistoća d.o.o.
Од Хрватска наградите ги добиваат Ива Стилиновиќ Граховац, раководителка за односи со јавност во Хрватскиот народен театар во Загреб, и Влатка Камениќ Јагодиќ, директорка за корпоративен маркетинг и информирање во Кончар Електроиндустрија.
Добитници од Европа, Обединетото Кралство и Индија
Од Србија меѓу наградените се Милица Милановиќ (Nestlé), Жељка Јаковљевиќ (UniCredit Bank Србија) и Сања Милаковиќ Колунџија (Executive Group).
Од Бугарија добитник е Марија Желијазова (AstraZeneca). Од Обединетото Кралство се Адвита Пател, претседателка на CIPR, и Фарзана Бадуел, избрана претседателка за 2025 година на CIPR и извршна директорка на Curzon PR.
Од Германија признание добива Михаел Шрёдер (ORCA Affairs GmbH), од Унгарија – Петер Елкан (4iG), а од Франција – Силвија Арто (BNP Paribas) и Самуел Хит (Интерпол). Од Индија наградата ја добива Амит Прабху (The Promise Foundation).
Со Vision Manager Awards наградени се Бранко Митровиќ (One Црна Гора), Драган Бокан (Voli) и Зорица Мишковиќ (BIG Group). Со Transparency Awards е наградена Ирена Радовиќ, гувернерка на Централната банка на Црна Гора
