Три имиња во владин предлог, Советот даде четири позитивни мислења

Од четворицата кандидати за државен јавен обвинител кои добија позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, Владата ќе предложи тројца, а меѓу нив не е поранешната обвинителка од СЈО, Ленче Ристовска, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5.

Советот на јавните обвинители денеска се изјасни по кандидатурите и даде позитивно мислење за четири од вкупно петмина пријавени.

Поддршка добија актуелната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски и обвинителката од скопското Обвинителство Лидија Раичевиќ.

За кандидатурата на Владимир Панчевски, Советот едногласно оцени дека не ги исполнува законските услови во однос на потребниот работен стаж.