– Не гледам причина поради која Мбапе би заминал на крајот од сезоната. Во клубот никој не размислува за иднина без него. Врската меѓу него и клубот е длабока, изјави Леонардо.

Мбапе, кој дојде во ПСЖ во летото 2018 година за 145 милиони евра од Монако, во летниот преоден рок имаше понуда за трансфер во Реал Мадрид што беше одбиена од клупското раководство.

– Не сме среќни поради однесувањето на Реал Мадрид. Бевме многу јасни во врска со нивната понуда, која беше пониска од таа што ние ја плативме за Мбапе. А, што се однесува до последната понуда од Реал, истата никогаш не стигна во нашиот клуб, рече Леонардо.