Во Тирана во вторник на заедничка маса ќе седнат европските државници, заедно со лидерите од шесте земји од Западен Балкан. Според аналитичарот Димитар Николовски од Евротинк, ова е порака за поблиска соработка, бидејќи регионот изминатиов период бил запоставен на агендата. Сепак, како што додава Николовски, ова е пред се порака до граѓаните.

На самитот ќе се провлечат многу теми и ќе се отворат многу дискусии меѓу кои ќе се дискутира за проблемите со миграцијата, со нелегалната миграција и како можат земјите од Западен Балкан да придонесат кон безбедноста на границите на Европската унија, особено тука ќе се зборува за визните режими.

Меѓутоа Вучиќ најави дека неговата земја и тој како нејзин претставник нема да учевстуваат на самитот што само додатно ја крена тензијата и внесе немир, па мораше Еди Рама да реагира велејќи,

Учеството на Самитот е единствениот пат што го има Вучиќ, бидејќи во спротивно тоа би било катастрофално за него и за Србија.

Во однос и на одржувањето на Самитот и најавениот протест на опозицијата, тој е оптимист дека на 6 декември нема да има инциденти бидејќи „Самитот е организиран подолго време и се преземени сите мерки од Албанија и европските организатори“.

Македонската делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствуваат и министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.