Група граѓани започнаа со фрлање јајца кон собраниската зграда додека внатре трае говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Младите момчиња фрлаат јајца, а останатите граѓани извикуваат оставка и пејат патриотски песни.
На асфалтот пред Собранието се оставаат црвени отпечатоци од раце, преку кои се испраќа порака „ни крвават рацете за Македонија“.
Над Собранието постојано надлетуваат хеликоптери. Има големо полициско обезбедување.