Летниот филмски фестивал во паркот „Македонија“ почнува вечерва

Паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ ова лето ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо. Летниот филмски фестивал, кој ќе се одржува од вечерва, 21 август, до 24 август, Општина Кисела Вода, во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје, ќе понуди богата програма за сите возрасти и вкусови.

Детали за филмската програма и прикажувањата

На фестивалот ќе се прикажуваат анимирани и детски содржини, франкофонски и македонски остварувања, како и наградувани документарни приказни. Програмата е поделена по вечери:

21.08.2025 (четврток) – Вечер на „Киноверзум“
  20:00 – Игран филм за деца „Бунтовната принцеза“ (синхронизиран на македонски)
  21:30 – Филм посветен на Марија Калас, „Марија“

22.08.2025 (петок) – Франкфонска вечер
  20:00 – Цртан филм „Каламити“
  21:30 – Игран филм „Повторно родена“

23.08.2025 (сабота) – Македонска вечер
  20:00 – Блок краткометражни играни филмови „Ракетно моделарство“ и „Баскет“
  20:45 – Македонски филм „До Балчак“

24.08.2025 (недела)
  20:00 – Анимиран филм „Златната пеперутка“
  21:30 – Македонски документарен филм „Медена земја“