Како што е познато, Реџепи се огласи на фејсбук и рече дека има сигнали за датум за преговори во декември за Македонија, па поради тоа нема да гласа за уривање на власта. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ побара пауза од еден час, откако претседателот на Собранието порача дека тој нема да ги води седниците бидејќи е против иницијативата и не сака да им прави кворим на опозицијата. Седниците сега ги води потпретседателот на Собранието, Фадиљ Зендели кој доаѓа од БЕСА.

Откако заврши првата побарана пауза од еден час, на говорница излезе Димитар Апасиев, кој го повика претседателот на Собранието, Талат Џафери да биде присутен и да ги води седниците, бидејќи нема оправдување дека има причина дека е спречен за такво нешто. Воедно побара нова пауза од еден час, по што потпретседателот на Собранието, Фадиљ Зендели одлучи да даде пауза.