Политичката партија Левица посакува Гордана Силјановска Давкова да нема цензус и да не стане претседател на Република Македонија. Овој став на партијата го пренесе високиот функционер од Општина Аеродром, Горан Костовски, кој во исто време е и кандидат на партијата за пратеник во изборната единица 2.
– После и овој фејкњуз на ден Велигден дефинитивно им посакувам да немаат цензус за Гога и мандат да не видат до октомври да се препелкаат. – напиша Костовски на неговиот фејсбук профил.
Под објавата тој го постираше наводно лажниот скриншот од тоа како партискиот лидер бара Левица да бојкотира, велејќи дека истиот е од кујните на ВМРО-ДПМНЕ.
Во однос на овој материјал кој утринава се појавува по социјалните мрежи, нити еден функционер на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак официјалниот центар за комуникации не дал официјален став. Истиот не е објавен од буквално никој од ВМРО – ДПМНЕ, но сепак Костовски и Апасиев ја обвинуваат партијата, барајќи алиби за бојкотот.
Оттука останува нејасно како Костовски, а претходно и Апасиев ја поврзуваат најголемата опозициска партија со оваа објава, ако се знае дека токму ним најмалку им одговара бојкот.
Ова беше приметено и од неколку граѓани, но и активисти на Левица кои му одговорија на Костовски виновникот за скриншотовите да го бара на друго место.