Бранко Ристов, човекот кој долго време беше претседател на Совет во општина Карпош од редовите на Левица упати низа критики кон Бијана Ванковска.
Разочарување заради кукање и жалење наместо проекти
Ристов преку Фејсбук статус вели дека и своевремено додека бил член на Левица токму професорката Билјана Ванковска била негов фаворит, но вчерашната дебата го разочарала.
Уште додека бев во структурите на Левица се надевав, а и навивав Ванковска дека ќе е кандидат за претседател. Сметав дека ќе донесе комплетно нов и позитивен наратив во политичката кампања за претседател, започнува тој.ж
Ристов вели дека е разочаран од „кукањето“ и „жалењето“ наместо да понуди проекти.
Од таму морам искрено да кажам дека ми е криво што скоро цела кампања се фокусираше на кукање и жалење. Наместо целиот простор кој една кампања го пружа да се искористи за сериозна елаборација на целата визија која жената ја има, фокусот падна на исценираната војна со медиумите. Џабе збирање 10к потписи ако кампањата се сведе на мрчење против Канал 5, пишува преку Фејсбук објава Бранко Ристов.
Бранко Ристов наречен како партиски „џган“, а никогаш јавно не зборувал против Левица
Од целиот раскол во Левица сигурно најинтересна ситуација, можеби дури и за неверување е она што се случува со Бранко Ристов. Тој е разрешен од сите партиски функции и повеќе не е член на највисокото раководство (президиум).
АНАЛИЗА: Расколот во Левица ќе ги преполови гласовите на Апасиев
Првиот човек на Левица во Карпош и покрај тоа што јавно никогаш не рекол лошо за Левица ништо, тие преку својата Фејсбук страница упатија навреди кон него нарекувајќи го „џган“. Левица предводена од Димитар Апасиев во очај презема и вакви мерки.