Врз основа на 99,5 отсто од преброените гласови, Бориќ освои 55,87 отсто од гласовите, пред кандидатот на десницата Хозе Антонио Каст, кој освои 44,13 отсто, објави Чилеанската изборна комисија.

Бориќ официјално ќе ја преземе функцијата на 11 март следната година. По прогласената победа тој изјави дека ќе се бори против еколошки штетни проекти, меѓу кои се и експлоатацијата на бакар и злато.

– Со уништување на светот, ние се уништуваме себеси. Не сакаме повеќе проекти кои ја уништуваат нашата земја, нашата заедниц“, рече тој.

Противникот Каст вчера го призна поразот и му честиташе на идниот претседател.