Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, истакна дека САД се подготвени со дипломатски и економски средства да помогнат за мирот во Украина
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека САД имаат алатки за поддршка на мирот во Украина.
„Претседателот Доналд Трамп сака да ги исцрпи сите опции за постигнување мирен крај на конфликтот кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во американската држава Алјаска“, рече Левит, пренесена од британските медиуми.
Левит додаде дека Путин и Трамп ќе имаат тет-а-тет средба во Енкориџ, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.
Кремљ истиот редослед на настаните го најави порано денеска.