Новиот рекорд е 117 часа, а го постигнаа речиси сите тројца натпреварувачи кои до самиот крај се бореа за наградата од 300 евра.

-Победникот е Дуда Алексиќ со 117 часа, а само 5 минути порано џентлменски стана Никола Бошковиќ и 115 часа издржа и Марко Вуќковиќ. Сите се морални победници. Ѝ честитаме на Дуда, напишаа организаторите. Претходниот рекорд беше 49 часа. Натпреварот се организира веќе десетти пат.