Издадена забрана за лицата кои немаат договори

Клиниката за токсикологија не ја почитувала опомената на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, здравствените работници и соработници продолжиле да доаѓаат на работа и да се грижат за пациентите. Затоа ДСЗИ денеска издаде забрана лица коишто немаат договор со Клиниката во иднина да не смеат да извршуваат никакви работни задачи.

Јазикот основен проблем

Ако не се почитува забраната издадена од ДСЗИ ќе има казни за двајцата директори и институцијата. Ќе ја врати ли некој Клиниката за токсикологија на колосек, е прашањето за здравствените власти. Комуникацијата со организациската директорка се одвива со преведувач бидејќи не го говори македонскиот јазик. Таа има и свое толкување зошто не го потпишала претходното решение на ДСЗИ.

(АРХИВА) СКАНДАЛ НА КЛИНИКАТА ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА: Бесија Иљази не знае македонски јазик, има преведувачи, а на работа доаѓа со татко ѝ

Забрана за лицата кои немаат договори за работа

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од ДСЗИ каде од неа се барало да им ги одземе пристапите на единаесетмина, чии договори за ангажирање истекле со истекот на 2023 година. Бидејќи не ја почитувала опомената, директорката Иљази сега ќе добие забрана за пристап на лица кои немаат договори за работа, а доколку не ја почитува ниту забраната, ќе следи парична казна.

ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување

Превривања на штета на пациентите

Случувањата на Токсикологија не се во интерес ниту на вработените ниту на пациентите, чиј број е зголемен по долгите пости и прејадување на Велигден.