Коалицијата „Вреди“ во соопштение остро ја критикува ДУИ за лицемерие околу правдата. Лицемерието на ДУИ е очигледно, велат тие, поставувајќи три прашања.
Кој водеше медиумска хајка против претседателката на Врховен суд? Дали целта беше аболициите на Ѓорѓе Иванов да го заштитат Никола Груевски? Кој ги донесе срамните измени на Кривичниот закон? Одговорот на сите е ДУИ, тврдат од „Вреди“.
Лицемерието на ДУИ
ДУИ со децении го користеше судството како алатка за своите интереси, а сега држи лекции за морал. Медиумскатата хајка против Врховен суд беше дел од нивните планови. Тие стојат зад ослободувањето на Сашо Мијалков и обидите за враќање на Груевски. „Вреди“ нагласува дека ДУИ нема кредибилитет да зборува за правда.
- Ова е партијата што во своите редови го има Бујар Османи – познат по делењето тендери како „бакшиш“ за своите „рента-а -кар“, како да се роденденски подароци, а не народни пари. Ова е партијата на Артан Груби – прогласен за нон грата од меѓународните партнери поради брутални мешања во правосудството, со цел да го ослободи од затвор Сашо Мијалков – симболот на организираниот криминал и корупцијата, велат од „Вреди“.
Како сето ова не беше доволно, јавноста неодамна виде дека сите патишта на ова раководство повторно водат до Груевски и Сашо Мијалков. Зошто? Затоа што синот на Исмаил Јахоски – алиас Пуцко Петрол, најверниот човек на Али Ахмети – преку ортачки бизнис со луѓе од стариот режим испумпал 10 милијарди денари преку фиктивни договори и токсичен мазут што го труе воздухот што го дишеме секој ден. Не само што краделе – туку и нè труеле, се вели во соопштението.
А денес, тие истите поединци што Изет Меџити и народот ги избркаа со гласови од Изборна Единица 1, имаат образ да зборуваат за чесност и европски стандарди?
Албанците одамна го кажаа својот став: Нема повеќе место за Груби, Османи и за старите структури што го уништија политичкиот глас на Албанците. Нивното време заврши, велат од коалицијата „Вреди“.
Извор: Република