Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки преку статус на Фејсбук прашува „дали СДСМ крие дека лицето за кое Пендаровски зборува дека било со молотов коктел е син на активист на СДСМ кој вршел поткуп на гласови“?
„Одговор за обвинувањата од СДСМ за насилството на протестите:
1. Не се обидувајте да ја префрлите вината на друг. Тоа што вашиот Стево Пендаровски кажува дека се знае идентитетот на лицето што требало да употреби молотов коктел ама не сакате да одите со него во јавност, еве да ви помогнам:
Дали станува збор за лице Ј.С. од Гази Баба, син на ваш активист-што делел пари и вршел поткуп за СДСМ на последните избори?
2. Уапсени ли се тие 5 (пет)
лица кои носеа оружје, а еден пукаше во народот? Зошто не се?
3. Уапсено ли е лицето што фрли палета од мостот врз народот што мирно и достоинствено протестираше?
4. Зошто не беше обезбедена трасата на движење?
5. Што бараат полицајци во цивил во друштво на пиштолџиите?
6. Колку време треба да чекаме одговор за тоа кој им даде шок-бомби на младите момчиња за да ги фрлаат пред Собрание и од чиј магацин во Охрид беа украдени тие шок бомби?
7. Зошто ја вовлекувате Армијата и армиски единици во приказната?
Треба да имате почит кон тие момци и девојки што професионално си ги вршат должностите, за разлика од вас, коишто ја злоупотребувате партиската говорница за да останете ден плус на власт.
Нели ви е срам да плукате по единицата која ја бранеше Македонија додека вашите родители ве криеја и уживавте на Халкидики?
Бандо предавничка, не се обидувајте да фрлите дамка на протестите и чистата и искрена емоција преку ваши црни сценарија.
ВМРО-ДПМНЕ зборува од името на целиот народ, со силата на аргументите, а вие зборувате со аргументот на силата.
Каде ви е Протоколот што го прифативте на невидено?
Свесно ја поларизирате состојбата и намерно сакате да предизвикате инциденти за да ја уништите енергијата кај народот кој јасно кажува НЕ и не ви се плаши и покрај казните, притисоците и заканите.
Народот е сплотен ПРОТИВ вашето предавство.
Уште еден совет за пратеникот што држеше прес:
Веднаш излези со докази за тоа што го тврдиш!!! Срам да ти е.
Спасовски и Зечевиќ те злоупотребуваат и те пуштаат низ вода.
Со лаги и конструкции одработуваш против својот народ.
Заради тебе и таквите како тебе треба да се врати задолжителниот воен рок во државата.
#Однародени
#ЌеПаднетеИНемаДаСтанете“, стои во неговиот пост на Фејсбук.