Во последните пет месеци во Хрватска се забележани два поголеми случаи на истекување на лични податоци на граѓаните.
Во последните пет месеци во Хрватска се забележани два поголеми случаи на истекување на лични податоци на граѓаните. Откриени се имињата, презимињата и матичните броеви на повеќе од 250 илјади должници од агенциите за наплата на долгови, меѓу кои и податоците на неколку стотици малолетници.
Додека надлежниот државен орган за заштита на личните податоци води истрага, парламентарната опозиција бара да се формира специјална истражна комисија која ќе утврди како функционираат таквите агенции.