Поставувањето крст на Попова Шапка ја разбрани македонската политичка јавност. Со поделени ставови се јавија политичарите, а најгласен е „генералот“ Стојанче Ангелов кој по објавата на Фејсбук за поддршката да остане овој крст, го посети на лице место.
Ангелов категорично застана во одбрана на крстот на Шапка. Тој ги предупреди албанските политичари да не го чепкаат крстот бидејќи во спортивно ќе организира одбрана со пријатели до 2001 година. По објавата, тој ја посети и Шапка и даде краток осврт на настаните:
Прошетка по снежната, ладна и ветровита Попова Шапка, поглед на новиот 15-метарски крст и палење свеќи за здравје во црквата Св. Наум Охридски Чудотворец.
Прошетка по снежната, ладна и ветровита Попова Шапка, поглед на новиот 15-метарски крст и палење свеќи за здравје во црквата Св. Наум Охридски Чудотворец. pic.twitter.com/YplqpNcF2j
— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) November 18, 2023
За неговиот потег се јавија со осуда политичарите од албанскиот политички блок. По првичната реакција на ИВЗ, Општина Тетово и ДУИ, денеска се жестока осуда се огласи и БЕСА.
Претходно, единствена политичка партија која застана во одбрана на Македонците беше ВМРО-ДПМНЕ.