Премиерот Ковачевски не успеал да дознае зошто албанскиот премиер Рама во вторник свикал средба ,,Тиранска платформа 2″.
Извори во албанскиот политички блок тврдат дека Ковачевски и високи функционери на СДСМ завчера и вчера обиделе да дознаат што е темата на средбата на која Рама ги покани само албанските политички фактори но не и македонскиот премиер кој води партија за која гласаат многу Албанци.
Одговор немало ниту од министерот за надворешни работи Османи кој официјално комуницира со Тирана и владата на Рама.
Врвот на СДСМ не добил одговор што ќе се зборува во Тирана затоа што наводно и во ДУИ не знаат точно што е на агендата во вторник.
Премиерот и лидер на СДСМ добил уверување дека во Тирана нема да се зборува за федерализација туку за правата на Албанците во Македонија и иднината на земјата.
Од ДУИ и од уште една партија од албанскиот политички блок му било речено дека Ковачевски не е повикан во Тирана затоа што Албанците веќе не гласеле за СДСМ и затоа немало потреба да биде викнат на сеалбанска средба.
Од СДСМ нема официјална реакција за мешањето на официјална Тирана и пријателот на Ковачевски Рама во македонските внатрешни политички работи на средбата наречен ,,Тиранска платформа 2.0″.