Македонија ЃП му го нанесе вториот пораз на Шкупи, водечкиот тим во Првата македонска фудбалска лига. Ѓорчепетровци до трите бода стигнаа со гол во самиот финиш, слично како и Брегалница Штип на дуелот со Скопје.

Резултати на натпреварите од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига одиграни попладнево:

Брегалница – Скопје 2:1
Македонија ЃП – Шкупи 2:1
Пелистер – Струга Трим Лум 0:1
Работнички – Академија Пандев 0:3
Ренова – Шкендија 0:1
Тиквеш – Борец 2:1