Германскиот ланец маркети „Лидл“ пушти огласи за вработување во Македонија. Се бараат работници на неколку работни позиции.
Меѓу многуте огласи се бара и работник како регионален менаџер за продажба, виш регрутер, административен асистент и многу други работни места кои може да ги погледнете тука каде ќе може да видите и кои услови треба да ги исполнувате.
Инаку, компанијата конечно покажа и како изгледаат канцелариите на седиштето во земјава. Истите може да ги разгледате тука.
Од компанијата ги охрабруваат сите кои сакаат да работат кај нив да аплицираат и да станат дел од Лидл семејството.