Опозициската партија БЕСА ќе гласа против уставните измени и продолжување на преговорите со ЕУ, доколку формулацијата „20%“ не се замени со „албански јазик“. Ова синоќа го истакна потпретседателот на партијата, Фатмир Лимани, пренесе Локално.
Тој емисијата „200“ изјавил дека БЕСА не е против вклучување на Бугарите во Уставот, но бараат да се прифати нивниот амандман.
-Ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20%. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се брише 20% како дефиниција внатре во Уставот, БЕСА ќе гласа против. Ова не е условување, рекол Лимани.
Кажа и дека лидерот на ВМРО Христијан Мицкоски не е против бришење на оваа одредница и нејзина замена со „албански јазик“.
Неодамна и претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари рече дека отстранувањето на „20%“ од Уставот и да стои изрично „албанскиот јазик“ треба треба да се случи сега, со уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите како заедница која живее во земјава.