Линдита Јовановска, сопругата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кичево Александар Јовановски која по националност е Албанка, во интервју за Ора24.тв зборуваше за тоа како беше прифатен нивниот брак, како гледа на соживотот во Кичево, но и што мисли за атмосферата која е создадена во градот во пресрет на локалните избори.
Од моите блиски и од блиските на мојот сопруг беше прифатено многу добро. Ние сме немале никаков проблем. Нормално, пошироко луѓето зборат за тоа како живееме ние, јас Албанка муслиманка, а тој католик Македонец, но ние имаме многу убав живот и заедно имаме три деца, Јана, Живко и Дафина. Среќна сум што сум со него“, вели Јовановска.
Линдита за нејзиниот сопруг вели дека е личност која не гледа националност и им помага на сите без разлика и така ќе продолжи и откако ќе биде избран за градоначалник.
Имам доверба во мојот сопруг бидејќи тој е личност кој не гледа националност. Не гледа дали е Македонец, Албанец или Турчин или Ром. Тој помага секаде. Тој по професија е лекар и помогнал на многу луѓе и убедена сум дека доколку утре стане градоначалник ќе помага многу во секој аспект“ нагласи Јовановска.
Таа исто така вели дека и соживотот во Кичево е добар и дека сите граѓани без разлика на националната припадност се соочуваат со истите проблеми.
Нормалниот живот тече многу добро, не правиме разлика дали е Македонец, дали е Албанец, Турчин или Ром. Ние живееме сите заедно и секогаш проблемите се исти. Не се проблеми на Македонецот, на Албанецот или на Ромот, проблемите се исти. Ние имаме проблеми со водоводот, со канализацијата, имаме проблеми со кучињата скитници, со депонијата во центарот на градот од каде во текот на летото доаѓа миризба која не можам да ви ја опишам. Тие проблеми се на сите и не се само мои како Албанка или на Александар како Македонец. Ова треба да го сфатиме ние. Не станува збор за тоа дека ќе го снема знамето или албанскиот јазик и тоа треба да им биде јасно дека нитузнамето нема да биде тргнато албанскиот јазик нема да се смени тука во градот“, .
На прашање за тоа како го гледа Кичево после 4 години таа истакна дека верува дека во Кичево ќе се случат позитивни промени, бидејќи моменталната ситуација не е добра и решавањето на најгорливите проблеми е повеќе од неопходно.
Мислам дека Кичево ќе се смени во позитивна смисла на зборот ако рефлектираат граѓаните и ако разберат дека не е крај на светот ако не победи еден Албанец во Кичево. Мислам дека ќе има промени за доброто на сите, бидејќи тоа ни е потребно во секој аспект, бидејќи немаме инфраструктура, немаме чисти улици, немаме детски игралишта каде што можат да се забавуваат, каде што можеш да ги однесеш, немаме кино да ги однесеме и за еден фил ние треба да одиме до Скопје. Тоа не може да си го дозволи секое семејство“, потенцираше Јовановска.
Таа како најгорливи проблем на граѓаните на Кичево ги издвои кучињата скитници кои преставуваат опасност за децата кога си играат надвор и, како што рече, главен проблем е депонијата во центарот на градот.
Да се решат кучињата скитници, бидејќи многу од граѓаните се плашат да излезат на пат поради кучињата скитници, а особено децата што не можеме да ги оставиме надвор да играат со другарчињата поради кучињата скитници. Мислам дека најважна е депонијата во центарот на градот. Тоа мислам дека е главниот проблем во градот за кој треба да се изнајде решение“, нагласи Јовановска.
Таа на крај на интервјуто испрати и порака до сите граѓани на Кичево кои во недела ќе излезат на гласање и им порача да не се водат од националноста, туку да гледаат за иднината на децата и за почист град.
Мојата порака до граѓаните е да не ја гледаат националноста, дали е Македонец или Албанец. Убедена сум дека ако утре победи мојот сопруг нема да биде тргнато тоа знаме кое се вее кај општината. Сакам да размислите и да гледате за доброто на сите, бидејќи овие се локални избори. За доброто на нашите деца, за нови раборни места, за чист град“, вели Јовановска.
