Американската скијачка легенда на интензивна нега, животот не е во опасност

Американската скијачка Линдзи Вон беше итно оперирана по пад на олимпискиот спуст во Кортина д’Ампецо. Хируршката интервенција беше извршена на левата нога, а Вон моментално се наоѓа во болница во Тревизо. Иако е сместена на интензивна нега, лекарите потврдуваат дека нејзиниот живот не е во опасност.

Според германскиот „Билд“, повикувајќи се на „Ројтерс“, операцијата се спроведува со стандардна процедура за спортисти од нејзин статус, со цел да се обезбеди максимална приватност. Италијанските организатори потенцираат дека ќе ѝ се обезбеди најдобра можна грижа, а покрај италијанските лекари, во болница се и нејзините лични хирурзи. Очекувањата се дека дополнителни информации за нејзината здравствена состојба ќе бидат објавени денеска.

Падот на Олимпискиот спуст

Oлимписката трка на Вон траеше само 12 секунди. По неколку свиоци, таа удри со десното рамо на капијата, ја изгуби рамнотежата и силно падна. Од местото на несреќата беше однесена со хеликоптер во болница, каде веднаш започнаа процедурите за стабилизирање и операција.