Полициски службеници од СВР Куманово синоќа го лишиле од слобода Д.Р.( 33) од Куманов, кој бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од една година и девет месеци, а бил осуден на пет години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и 236 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.