Лишен од слобода поради демнење
Вчера е лишен од слобода поради демнење 32-годишниот Б.К. од Куманово, кој долго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од истиот град. Акцијата ја спроведоа полициски службеници од СВР Куманово.
Според информациите од МВР, тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ според член 144-а од Кривичниот законик.
На 9 април 2025 година, девојката го пријавила случајот во СВР Куманово. По поднесената пријава, судија од Основен суд Куманово изрекол мерка претпазливост за недоближување кон девојката.
По преземените мерки, вчера Б.К. бил пронајден, лишен од слобода и во службен разговор го признал делото.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.