Лишени од слобода тројца скопјани по полициска акција на повеќе локации во градот

На 15 и 16 август 2025 година, на различни локации во Скопје, лишени од слобода тројца скопјани,  А.Ј. (36), К.М. (25) и Б.П. (36) – од страна на полициски службеници од СВР Скопје.

При извршени контроли кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, како и нож.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.