Институтот за јавно здравје ги контактирал лицата што биле во допир со позитивни пациенти на мајмунски сипаници.

„Лицата немаат никакви симптоми. Позитивните пациенти се во стабилна и добра здравствена состојба. Нема нови сомнителни или позитивни случаи на мајмунски сипаници“, изјавија од Институтот за јавно здравје.

Препораките за заштита на граѓаните се објавени на нивната веб-страница. Тие содржат насоки за превенција и постапување во случај на сомневање.