Државно раководство евакуирано во засолништа
Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град Вилнус и издаде предупредување за „воздушна опасност“ поради сомнежи дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата.
Според порталот Делфи, претседателот на Литванија Гитанас Науседа, премиерката Инга Ругиниене и претседателот на Сејмасот Јуозас Олекас биле веднаш преместени во засолништа.
Апел од армијата и предупредувања до граѓаните
Литванската армија упати порака до граѓаните на главниот град со апел за итно засолнување и следење на нови инструкции.
По откривање на сомнителен дрон во близина на границата со Белорусија, Националниот центар за управување со кризи прогласи предупредување за воздушна опасност за неколку области, меѓу кои Игналина, Утена, Швенчионис и Зарасаи.
🚨RUSSIAN ATTACK
LITHUANIAN AUTHORITIES SAY A RUSSIAN ATTACK IS UNDERWAY AGAINST LITHUANIA
Children are taking shelter in schools under their desks due to air raid sirens.
In the city of Vilnius pic.twitter.com/nKjoUtbsxW— 𝗝𝘂𝗮𝗻𝗮 𝗜𝗻𝗲́𝘀 (@JuanaInesX) May 20, 2026
