„Одлуката е донесена земајќи ја предвид влошената ситуација во пограничниот регион, поради што е доставена на одобрување до парламентот“, изјави литванската премиерка Ингрида Симонита, а јави руската агенција ТАСС.
Според предлогот на литванското Министерство за внатрешни работи, вонредната состојба ќе стапи на сила на 10 ноември на полноќ во пограничната област и на пет километри од таа област, како и на места за мигрантите од африканските и азиските земји кои влегле Литванија преку Белорусија.
Се предлага овој режим да трае еден месец.