Литванскиот парламент, Сејм, денеска ја прогласи Русија за терористичка држава.

Едногласно се усвои резолуцијата и за неа гласаа 128 пратеници, јавија локалните медиуми.

Во резолуцијата се наведува дека руските вооружени сили и платеници извршиле масовни воени злосторства во Украина. Особено во градовите Бородјанка, Буча, Ирпин, Гостомел, Мариупол.