Мнистерството за внатрешни работи објави дека е распишана меѓународна потерница по Љупчо Палевски Палчо за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска.
-Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје, стои во објавата на МВР.
Палевски, кој е првосомничен како организатор и сторител, е во бегство.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека според податоците со кои располагаат, Палевски ја напуштил Македонија на 30-ти ноември со автомобил во придружба на својот адвокат. Заминал за Белград, а следниот ден за Бугарија.