Локалната самоуправа има многу големи потенцијали и треба да се искористат, а креативните индустрии се европската иднина на Македонија, изјави Зоран Љутков, претседател на Советот на општина Велес на денешната панел дискусија „Европски практики во локалните самоуправи“ потенцирајќи дека културата традицијата и креативните културни индустрии треба да бидат главен бенефит за поддршка на локалната самоуправа и треба да се работи на поголема промоција на општините.

Според него за време на СДСМ кога се бориме за зачувување на идентитет и имаме проблеми со соседите го изгубивме значењето на фолклорот, традицијата, живата уметност, и затоа сметаа дека културата традицијата и креативните културни индустрии треба да бидат главен бенефит за поддршка на локалната самоуправа и тука е потребно многу посилно треба да се работи и да си го вратиме духот, состојбите кои сме ги имале.

– Треба да се обрне внимание на обезбедување на континуирана годишна финансиска поддршка на квалитетни проекти од креативниот сектор, делегирана надлежност на културата тоа веќе го има во Велес, да се пристапи кон мапирање на креативните индустрии во планските региони, создавање услови за работа како и обезбедување на простор за перманентна промоција на идеи и производи, мапирање на културното наследство, иницирање на традиционални фестивали, поддршка за проекти од култура и уметност, услови за развој на музички и театарски групи, програми за поттикнување на креативноста на младите, но и поддршка за традиционалните занаети, поддршка за спорт, култура, туризам, рече Љутков.

Љутков истакна дека тоа во овој момент е загубено и посочи дека слабата реализација на претходниот градоначалник секогаш му создава главоболки на идниот, а конкретно во Велес, реализацијата на програмата била 11% што е недозволиво и укажува дека ветената програма била лажни ветувања и популистички мерки коишто понатаму во пракса се невозможни.

– Затоа ние постојано бевме помеѓу граѓаните и постојано се консултиравме со нив и слушавме која е нивната перцепција за градот и кои се реално нивните потреби. Врз база на тоа ние ја изградивме програмата и нашата програма е реална и лесно изводлива. Сето тоа ќе го исполниме. Тргнавме со парола „не ветувам нешто што не можам да реализирам“. Се информиравме во каква кондиција е општината и врз база на таа статистика ја работевме програмата и затоа сега општина Велес има многу поголема транспарентност.

Тој посочи дека критиките од граѓаните за минатата локална власт од СДСМ биле за на транспарентноста која е оценета на сосема ниско ниво, отвореноста на институциите, дека не работат доволно за да ги задоволат стандардите, слабата информираност за организациската поставеност и видливоста на кадровските решенија од страна на градоначалникот, мониторинг и евалуација и јавните консултации, и токму затоа новата локална власт од ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа да се подобри.

– Како позитивен пример кој се прави во општина Велес во овој мандат е организациската поставеност и подготовка на нова систематизација во однос на секторите, раководителите на сектори и одделенија затоа што ќе им се даде поголема автономност во однос на одлуките и поголема медиумска присутност за граѓаните многу побрзо да добиваат информации и да знаат кои се одговорните лица реализација, изјави Љутков.