На седницата на Советот за безбедност, како што информираат од ресорот на Лога, министерот ќе побара да биде разгледана безбедносната состојба во државата со оглед на тоа дека над 2 800 осудени лица со упатен акт не ги одлежуваат затворските казни поради пренатрупаноста на затворите. Ваквата најава следува откако мнозинството пратеници во Собранието вчера не дадоа зелено светло за предлогот на Владата за донесување на законот за амнестија по скратена постапка.
Министерот за правда Кренар Лога најави дека ќе испрати писмо до претседателот на државата Стево Пендаровски со кое ќе побара да биде свикана седница на Советот за безбедност.
На седницата на Советот за безбедност, како што информираат од ресорот на Лога, министерот ќе побара да биде разгледана безбедносната состојба во државата со оглед на тоа дека над 2 800 осудени лица со упатен акт не ги одлежуваат затворските казни поради пренатрупаноста на затворите.
Од министерството за правда велат дека тие претставуваат потенцијална опасност за целото општество и можноста досегашните дела да им застаруваат и со тоа да се охрабрат истите да ги повторат.
Посебно писмо Лога ќе испрати и до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и до директорите на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање од каде што ќе се побараат истите информации.