И Јани Макрадули со критики кон раководството на СДСМ

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, се огласи по исклучувањето на Петре Шилегов и отворениот судир во партијата, повикувајќи на разум, зрелост и внатрешен дијалог наместо поделби. Не директно ко напудените Шилегов и Деспотовски, го преупреди раководството дека едноумието не е партиска демократија.

ОФИЦИЈАЛНО: СДСМ го исклучи Петре Шилегов

Во објава, Макрадули направи ретроспектива на периодот од 2013 година, кога СДСМ беше во опозиција и под силен притисок, потенцирајќи дека тогашната борба била водена со мотивација, теренска работа и верба во промени.

„Лојалноста не е слепо следење. Лојалноста е одговорност – да мислиш, да кажеш и да создаваш“, порача „меѓу редови“ Макрадули, алудирајќи на актуелните случувања во партијата.

Тој нагласи дека тешките теми не смеат да бидат повод за раслојување, туку за аргументиран дијалог и приближување на ставовите, предупредувајќи дека игнорирањето на проблемите води кон слабеење на партијата.

Макрадули се осврна и на концептот „Глас+“, кој го опиша како политика што вклучува, обединува и се темели на принципите на слобода, еднаквост и солидарност, нагласувајќи дека токму таков пристап е потребен и денес.

Партијата не е простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат и придонесуваат“, истакна тој.

На крајот, Макрадули повика на единство и создавање заеднички фронт за промени, потенцирајќи дека тие треба да започнат од самата партија.