Од запалена сува трева огнот го зафати објектот на управната зграда на фабриката Биљана. Противпожарните единици на град Скопје го локализираа пожарот и состојбата е под контрола. Не постои никаква опасност од натамошно ширење на огнот, напиша тој.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, исто така порача дека ситуацијата е под контрола.
Охис е обезбеден, пожарот е целосно под контрола и безмалку изгаснат, нема опасност за граѓаните, ниту од експлозија ниту од отровни гасови, ниту од ширење на пожарот, порача тој.
Еден од пожарникарите кои се справувале со пожарот е однесен на Клиниката за токсикологија, бидејќи му се слошило од вдишаниот чад.
Од Инспекторатот за животна средина информираат дека не постои опасност за здравјето на луѓето и животната средина.
Од безбедносни причини, но и за пристап на противпожарните екипи, сообраќајот по булеварот „Борис Трајковски” кон населбата Драчево е затворен и се пренасочува кон други локални патишта.