Рокот за собирање потписи и независните кандидатури

Рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори 2025, закажани за 19 октомври, завршува денеска на полноќ.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати. За членови на советот потписи се собираа во 11 општини за вкупно 12 листи.

Општини каде се собираат потписи за градоначалници

Потписи за градоначалници се собираат во: Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (двајца кандидати), Могила, Новаци (двајца кандидати), Гостивар, Демир Хисар (четворица кандидати) и Градот Скопје.

Општини каде се собираат потписи за советници

За листа на советници потписи се собираат во Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Битола (две листи за советници), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување листи за кандидати за градоначалници и за советници е до 13 септември, а овој рок го заокружува процесот на кандидатури.

До 11 септември е и рокот за увид во Избирачкиот список во сите подрачни канцеларии и одделенија на ДИК. Исто така, во тек е пријавувањето за набљудување и известување од изборите.