Северна Македонија ја има британската поддршка за справување со корупцијата во земјава која се влошува. Тоа е апсолутно клучно за Северна Македонија, вели амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава Метју Лосон по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември.
„Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Северна Македонија се влошува, а не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Обединетото Кралство ја поддржува Северна Македонија. Апсолутно е клучно справувањето со тоа“, напиша на Твитер британскиот амбасадор Лосон.