Директорот на АД „Државна лотарија“ Алкесандар Климовски објасни дека „Државна лотарија“ е посебен правен ентитет, во кој државата е основач, Владата е единствен акционер во Собранието на акционери, и еден од врховните органи во самата компанија. Владата работи според Законот за Влада, но во случајов се јавува како акционер и функционира според Законот за трговски друштва.

– Ова спонзорство е дадено според Законот за спонзорства и донации, а не по Законот за јавни набавки. Имено, станува збор за средства од 300 милиони денари, коишто беа на ставката нераспределеан добивка и беа компаниски пари. Значи, тие се пари на самата коомпанија, а компанијта е посебен правен субјект, издвоен од субјетивитетот на владата. Значи, тие пари не се буџетски пари. Буџетски пари стануваат во оној момент кога друштвото таа нераспределена добивка ќе ја утврди во финансиските извештаи како дивиденда и ќе дадат налог да се уплати на трезорската сметка. Дури во тој момент добиваат статус на буџетски пари. Дотогаш тие се корпоративни пари – рече директорот Климовски.

Тој додаде дека за дополнителна транспарентност, биле запазени сите процедури, дури и тие што не ги бара Законот за спонзорства. Тој повтори дека Владата донела одлука да се употреби нераспределената добивка за спонзорирање на овој настан, со точни напатствија како да се постапи.