Испукал еден истрел од ловечка пушка и усмртил куче
На 19.01.2026, околу 14:00 часот во село Куклиш, струмичко, Д.Б. (50) испукал еден истрел од ловечка пушка и усмртил куче, сопственост на М.Ѓ., исто од селото.
Полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б. во 17:00 часот. На лице место изврши увид екипа на СВР Струмица заедно со ветеринарен лекар.
Од сторителот е одземена ловечката пушка, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следи соодветна пријава.
