Во близина на Виница е пронајдено тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство. Увид на местото извршиле припадници на Основното јавно обвинителство Кочани, а согласно првичните информации починатото лице е идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов.

Во рамки на истрагата се задржани тројца странски државјани и еден македонски државјанин кои биле дел од истата ловна група. За нив, надлежните институции ќе испитуваат дали биле инволвирани во пукањето.

– Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан – велат од Основното јавно обвинителство.