Од компанијата „Тиквеш“ дадоа сопствено објаснување за вчерашните случувања.
– За да биде ситуацијата уште поапсурдна, поединците кои насилно и на највулгарен начин го блокираа влезот во винарницата и притоа нанесоа материјална штета, всушност се обиделе да манипулираат со квалитетот на грозјето кое имале намера да го предадат во „Тиквеш“, се додава во соопштението.
Реакцијата на „Тивкеш“ следи откако група лозари вчера попладнето започнаа протест пред винарицата, затоа што како пто тврдат им било кажано дека грозјето нема да им биде откупено доколку не надминува 19 малигани и за род со 19 милигани или помалку им била понудена цена од 8 денари за килограм. По ова, дел од лозарите почнаа да го истураат грозјето од тракторските приколки пред влезот на винарницата.
– Ако, како што тврдат од винарската визба „Тиквеш“ дека поединци манипулирале со кавалитетот при откупот на грозјето, тоа не значи дека сите останати лозари кои соработуваат со винарницата со години треба да страдаат да го фрлат својот род. Тоа е пораката која ние околу 700 лозари ја упатуваме до нејзиниот менаџмент, велат лозарите кои протестираат во Кавадарци.
Порача да се продолжи со откупот на грозјето и да се истакнат ценовници, да се почитуваат неформално договорените цени и трудот на лозарите бидејќи во иднина нема да го предаваат грозјето во „Тиквеш“.
-Срамота е ова што му се прави на лозарот, ако имало неколку манипулатори дали тоа значи дека треба да се удри по грбот наш и да го фрлиме родот. Цел ден чекаме пред винаријата, грозјето почна да тече од приколките, порачаа лозарите.
Градоначалникот Митко Јанчев, кој се уште е со лозарите кои протестираат, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат денеска во неговиот кабинет на средба во 11 часот.