Двајцата тренери на Наполи и на Милан, Лучијано Спалети и Стефано Пиоли ги одредија составите за натпреварот во Неапол вечерва. Спалети, сепак, се реши да го остави Елмас на клупата за резерви, откако на првиот меч во Милано доби улога на „лажна деветка“. Иако имаше најави дека ќе игра во средниот ред во првите 11, сепак, Спалети се одлучи за нешто друго. Осимен е во стартниот тим на Наполи, кој се врати по повредата.
Од друга страна Пиоли го почнува дуелот со Жиру во нападот. Жиру беше под знак прашалник поради повреда, но очигледно се рехабилитираше и ќе го почне дуелот. Составот на Милан нема измени од првиот дуел во Милано, кој го добија росонерите со 1-0.
На другиот натпревар, Карло Анчелоти не менува ништо, додека Френк Лампард не може да смета на суспендираниот Чилвел, па почнува со Кукурелја. Лампард се реши да ги изостави и Стерлинг и Феликс од првите 11, кои играа на првиот меч во Мадрид, а ќе го нема и Кулибали кој е повреден.