Македонците лани оставиле над 209 милиони евра во спортските обложувачници

Минатата година, македонските граѓани  оставиле повеќе од 209 милиони евра (12,86 милијарди денари) во спортските обложувачници, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи, објавени од „Блумберг Адрија“. Просечната уплата по тикет изнесувала 269 денари.

Обложувачниците исплатиле добивки во вкупна вредност од 169 милиони евра (10,39 милијарди денари) – околу 40 милиони евра помалку од вкупно вложената сума. Најголемата исплатена добивка на еден тикет достигнала речиси 68 илјади евра (4,18 милиони денари).

Од исплатата на добивки, државата наплатила над 20 милиони евра (1,25 милијарди денари) само по основ на данок на личен доход.

Анализите покажуваат дека вложувањата во спортско обложување се зголемуваат од година во година. Во 2022 година, износот бил околу 193 милиони евра, а во 2021 нешто над 185 милиони евра. Трендот укажува на растечка популарност на оваа индустрија и на зголемен профит и за обложувачниците и за државата преку даноците.

Во моментов во Македонија работат околу 800 лиценцирани обложувачници и приредувачи на игри на среќа