Актуелниот член на комисија за борба против дискриминација и поранешен пратеник на СДСМ, Весна Бендевска преку социјалните мрежи изрази поддршка за народниот протест кој ќе се одржи вечерва. Таа вели дека тоа го смета за лично право и за изразување протест гледа како лична потреба и борба.

-Утре излегувам да го изразам својот протест кон оваа лакрдија која го повредува моето лично граѓанско право на самосвест за националната припадност, посебност, мојот мајчин јазик и историјата на мојот народ, со која се гордеам.Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идеали ми се поважни од се и ќе се борам за нив, до крај.Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект.Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот.И никој нема право да ми го спори моето право. 

Народниот протест ќе се одржи денеска со почеток во 19 часот пред Владата.