Министерството за здравство соопшти дека поради зголемувањето на бројот на заразени, им овозможува на „имунокомпромитирани“ да примат трета доза од вакцината на Фајзер.
Иако најголемиот дел од популацијата е вакциниран, Израел во последните неколку недели бележи постојан пораст на бројот на нови случаи на заразени со коронавирусот. Повеќето нови случаи се меѓу деца кои не ги исполнуваат условите за вакцина, а Владата ги охрабрува младите да се вакцинираат. Повеќето новопријавени случаи се со лесна форма на болеста.
Израел вакцинираше повеќе од 61 процент од своите 9,3 милиони граѓани со најмалку една доза и речиси 56 проценти со две дози.