– Јавна тајна е дека има плата на рака или враќање на дел од плата. Во тек е поопсежна контрола на фирми што го опфаќа нивното петгодишно работење наназад – рече на денешната прес-конференција директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Лукаревска: Јавна тајна е дека се даваат пари на рака
Л
Во тек се контроли од страна на УЈП во фирми од текстилната, кожарската и кондиторската индустрија, по пријава на Здруженито „Гласен текстилец“, како и по анонимни пријави од работници дека во компании се исплаќа дел од платата на рака, или пак се исплаќа плата до минимален износ, а потоа се бара дел да се врати назад.