„Државотворните одлуки кои сме ги носеле не само овој период, туку години наназад, и по цена на рејтингот на СДСМ, нашата заложба било дека граѓанинот е на прво место, државата, безбедноста, сигурноста, просперитетот, се исто така на прво место. Новиот состав од 120 пратеници треба да има заедничка свест, дека сите одлуки кои ќе ги носиме треба да бидат исклучиво за доброто на државата. Тоа се исто така и уставните измени,“ рече заменик претседателката на СДСМ, носител на ИЕ 3 и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Според Лукаревска, не треба целата концентарција на понудата на политичките партии треба да се однесува на уставните измени. Таа посочи дека процесот е паралелен покрај за уставните измени, треба да се види и понудата и за транспортот и инфраструктурата, подобар стандард за граѓаните, подобра бизнис клима, младински политики, земјоделство, родови политики, повисоки плати и пензии итн